Поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски најави дека става крај на професионалниот фудбал. Подолски преку социјалните мрежи, во видео објавено на Инстаграм од неговиот тим Горник Забже.
„Па, тоа е за денес. Ти благодарам фудбалу“, вели светскиот шампион од 2014 година во видеото додека ги пакува куферите и се осврнува на својата кариера.
View this post on Instagram
Забже има уште еден последен натпревар во лигата против Радомијак Радом кој ќе го игра денеска, а потоа се чека и посебна церемонија во чест на 40-годишникот. Подолски е роден во Полска, но се преселил во Германија со своето семејство како дете. Имаше успешна кариера настапувајќи за тимови како Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Кобе и Анталијаспор. Играше и за репрезентацијата на Германија со која во 2014 година стана светски првак.
Во 2021 година се приклучи на Горник Забже велејќи дека тоа е клубот во кој сака да ја заврши кариерата, а на крајот тоа го направи во голем стил. Пред само неколку дена, Горник го освои Купот на Полска за прв пат во својата историја оваа сезона и ќе учествува во европските клупски натпреварувања следната сезона.
Покрај фудбалот, Подолски веќе воспостави и други извори на приход. Заедно со поранешниот дефанзивец Матс Хумелс, тој основа лига за мал фудбал. Тој е исто така сопственик на неколку продавници и слаткарници во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Неговите проекти вклучуваат и негов сопствен бренд за облека.
Тој сега е пред финализирање на проектот да стекне целосно сопствеништво на Забже. Градскиот совет едногласно го поддржа предлогот за продажба на преостанатите 86% од акциите на Подолски.

