Френки де Јонг раскажа интересна приказна како ја одбрал Барселона за негов следен клуб по играњето во Ајакс, а вели дека Абделхак Нури е најзаслужен за одлуката да им се приклучи на Каталонците.
Нури беше во кома цели две години и девет месеци, а вчера се разбуди што е вистински медицински феномен.
„Требаше да донесам тешка одлука во кој клуб да се преселам од Ајакс. Заминав кај Апи (Нури. н.з.) во болница, а таму беше неговата мајка. Го праша: Сине во кој клуб да оди Френки? Кога таа ја спомна Басрелона, Апи ги поткрена веѓите. Тоа беше прекрасен момент што ми помогна да одлучам каде да ја продолжам кариерата“, раскажува Де Јонг.
Нури беше еден од најталентираните играчи на Ајакс во генерацијата во која беше и Де Јонг, но на 8 јули се случи трагичниот момент што му ја заврши предвреме кариерата.
На пријателскиот меч против Вердер Бремен на 8 јули Нуру колабираше поради срцеви проблеми, а пет дена подоцна беше објавено дека играчот на Ајакс има трајни оштетувања на мозокот. На 25 јули ја напушти болницата, а една година подоцна во истрагата што ја покрена Ајакс беше утврдено дека потфрли медицинскиот тим што не му пружил адекватна помош на теренот, на мечот со Вердер.