Чудниот дрес не беше среќен – Милан пукаше „ќорци“ и направи голем кикс во борбата за титулата (ФОТО)

Милан не успеа да ја оправда фаворитската улога и на домашен терен одигра само 0:0 со Болоња во мечот од 31-вото коло од Серија А.

Лидерот и покрај тоа што имаше неколку шанси и дури 17 удари во првото полувреме, што е најмногу за овој тим на една средба од 2013 година на меч против Катанија, не успеа да даде гол. Милан на оваа средба за првпат во сезоната настапи со четвртиот дрес, којшто предизвика измешани реакции низ јавноста и навивачите на овој тим.

Ова е голем кикс за Милан во борбата за Скудетото ако се знае дека Наполи и Интер остварија победи кај големите ривали, Аталанта и Јувентус, и тоа на гостински терен. Сега Милан има 67 бода, само еден повеќе од тимот на Елиф Елмас, додека актуелниот првак на Италија е под број три со 63 бода, но и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести