Чудно но вистинито: Македонија на двата меча со Летонија прими гол, но Летонците не погодиле ниту еднаш

Македонија ја има фаворитската улога на вечерашниот дуел во Рига против Летонија и сѐ освен три бода за избраниците на Игор Ангеловски, ќе биде изненадување. Дури и играчите на Спортска прогноза во играта на Sport Life, се уверени во три бода против Летонија, бидејќи дури 92 отсто типувале дека ќе биде „двојка“.

И традицијата е на страна на Македонија. Во досегашните два дуели со Летонија, нашата селекција се радувала на победи. Првиот меч беше одигран во 2013 година и беше од пријателски карактер, а заврши со наша победа од 2:1. Пред шест месеци, во квалификациите за ЕП 2020, Македонија славеше со 3:1.

Ова значи дека во најава може да очекуваме и вечерва да биде гол-гол 3+, а Sport Life нуди одличен коефициент 3.00, за да продолжи оваа традиција. Тоа што е уште поинтересно е дека сите голови на двата меча против Летонија се дело на македонски фудбалери.

Пред шест години погодија Костовски и Ибраими, а Даниел Георгиевски си даде автогол. И пред шест месеци Македонија си даде автогол. Елмас даде два гола, а еднаш погоди Алиоски, додека Дарко Велковски ја затресе сопствената мрежа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести