Анвар Ел Гази е еден од најдобрите играчи на Астон Вила, моментно е втор стрелец на премиерлигашот со 8 погодоци, но сепак добил смртна закана, токму од навивач на клубот од Бирмингем.
„Се надевам дека ќе умреш и никогаш повеќе нема да играш за мојот омилен клуб“, се зборовите на навивач на Астон Вила со сезонски билет упатени кон холандскиот интернационалец.
„Ми пријде и неочекувано ми се закани, а причината не ја знам“, вели Ел Гази. Играчот од средниот ред на Вила, сезонава постигна вкупно 9 гола, 8 од нив во Премиерлигата, со што е втор најдобар стрелец на клубот зад Оли Воткинс со 13.
Оттаму чудно е зошто добил закана што е опасна, бидејќи ја игра најдобрата сезона од вкупно три колку што е член на англискиот премиерлигаш.
Денеска од 15.05 часот Астон Вила ќе му биде домаќин на Манчестер јунајтед во меч од 35. коло во англиското првенство.