Чудно за Англија – Му посакаа на менаџерот тимот за кој навиваат да прими 10 гола

Скот Паркер има големи маки во Фулам, а по новиот пораз во Премиерлигата од Евертон и навивачите му го свртеа грбот.

Разочарувањето кај симпатизерите на лондонскиот клуб е огромно, Фулам има самоедна победа и реми и дури 7 порази во новото издание на Премиерлигата, а камен на сопнување беше одлуката на менаџерот да го остави Александар Митровиќ на клупата.

Потоа Паркер немаше избор, при негатива од 1:3 му даде шанса на Митровиќ во 58. минута, а по развојот на настаните во право беа навивачите.

Фулам промаши пенал, а потоа постигна и гол за 2:3, но на крајот сепак не успеа да се спаси од пораз, иако најдобриот стрелец на тимот беше освежување и со него во нападот домаќините беа многу поопасни.

 

- Оглас -

Најнови вести