Чудо е какви глупости правеше голманот на Спортинг, прими смешен гол и потоа приреди нов циркус (Видео)

Голманот на Спортинг Лисабон, Антонио Адан, бранеше само 23 минути на гостувањето кај Марсеј и за кус период успеа да направи две големи глупости, а потоа беше и исклучен.

Во 13-тата минута Шпанецот на голот на Лавовите од Лисабон го направи првиот голем кикс и буквално им подари израмнување 1:1 на домаќините.

Сакаше да ја избие топката и го погоди во тело Алексис Санчес, кој ни „крив ни должен“ беше стрелец за 1:1.

Тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Само 10 минути подоцна, 35-годишниот чувар на мрежата на Спортинг направи нова глупост и задоцни со излегувањето надвор од шеснаесетникот, па направи фаул, а за малку ќе нокаутираше и свој соиграч.

Притоа играше со рака надвор од својот простор и доби директен црвен картон, а целата ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.

Со 10-мина играчи Спортинг загуби со 4:1, иако водеше од 50-тата секунда, кога Тринкао го даде најбрзиот гол сезонава во Лигата на шампионите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести