Чудо е што промашуваше Евертон, Бачуаи ги казни со гол за реми (Видео)

Евертон не успеа да го победи Кристал палас и го загуби чекорот во битката за позициите што водат во Лигата на шампионите. Домаќините се во серија од три меча без победа, а вечерва и самите се виновни што останаа без два бода.

Бразилецот Ришарлисон и неговите соиграчи промашија многу шанси, а казната стигна во 86-тата минута, кога Мичи Бачуаи погоди за Кристал палас и израмни на 1:1.

https://twitter.com/102Centre/status/1379143626131791874?s=20

Претходно во 56-тата минута Хамес Родригес ја затресе мрежата на гостите и најави победа на Евертон, сценарио што го урна резервата на Кристал палас.

Бачуаи влезе во игра во 84-тата минута, а само 120 секунди подоцна погоди за конечни 1:1. Евертон остана на деветтото место со 47 бода и е аутсајдер за настап во Лигата на шампионите.

Кристал палас освои голем бод и се чини дека ги прегрми сите грижи околу опстанокот во Премиер лигата со 38 бода на 12-тото место.

 

- Оглас -

Најнови вести