Чудо е што утна Обамејанг (Видео)

Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој е најефикасен топчија во клубот од Лондон, имаше невидена утка во првото полувреме против Бенфика и пропушти чист зицер за предност на гостите.

На првиот дуел од двомечот во 1/16-на финалето на Лигата на Европа, популарниот Ауба се посрамоти и промаши на празна мрежа од пет метри.

Aubameyang miss vs Benfica 18′ from soccer

Ектор Белерин одлично му подготви позиција на првиот стрелец на Арсенал, но, невообичаено за Обамејнаг, му се случи голема утка, па Топчиите не поведоа со 1:0 на неутрален терен во Рим на „Олимпико“.

По еден час игра резултатот е 1:1. Стрелец за Бенфика беше Пици од пенал во 55-тата минута, а само 120 секунди подоцна Сака израмни на 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести