Чудо какво што сака Манчестер на „Камп ноу“, не се случило шест години

Шпанскиот првак Барселона со предност од 1-0 ќе го пречека Манчестер јунајтед на утрешниот реванш-дуел од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Оваа предност за Барселона треба да значи речиси сигурен пласман во полуфиналето, ако се гледаат резултатите на „Камп ноу“ во последните неколку години.

Каталонскиот гигант нема загубено пред своите навивачи во ЛШ на последните 30 меча. Што е уште позначајно, домаќините се радувале на 27 средби. Последен пат кога Барселона загуби дома е на дуелот против Баерн Минхен пред шест години. Тогаш, во полуфиналето на ЛШ, Баерн победи со 4-0 во Минхен, а потоа во Барселона победи со убедливи 3-0. По тој дебакл, Барселона „гази“ на „Камп ноу“ и во 30 средби даде вкупно 93 погодоци, а прими само 15 погодоци.

Во просек, Барселона ја држи топката во свои нозе дури 64 отсто, а Меси е убедливо најдобар играч со 31 гол и 11 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести