Чудо на Ролан Гарос за историја, квалификантка стигна до полуфинале

Полската тенисерка Маја Хвалинска е најголемата сензација на женскиот дел од гранслем-турнирот Ролан Гарос во Париз. Таа стана само втората квалификантка во новата тениска ера по Надја Подороска во 2020 година, која стигнала до полуфинале на Ролан Гарос во сингл.

Хвалинска, која беше 114-та на ВТА-листата (ако денеска заврши турнирот, таа ќе биде 30-та), денеска во четвртфиналето ја победи Ана Калинскаја со 7-6, 6-3. Во полуфиналето, полската сензација може да игра со најдобрата на светот, Арина Сабаленка.

Инаку Маја, која има 24 години, мораше да мине квалификации за да дојде до првото коло на главниот турнир. Таа за овие 12 дена во Париз заработи повеќе пари отколку во целата претходна кариера. Додека полските навивачи традиционално се фокусираа на Ига Швјонтек, сега нивните погледи се свртени кон Хвалинска.

Пред Ролан Гарос, нејзиниот инстаграм-профил имаше приближно 24.000 следбеници. Откако стигна до полуфиналето, веќе имаше 73.000 следбеници, што е огронно зголемување на базата на навивачи и бројката уште ќе расте. Спонзорите, исто така, покажаа интерес за неа. Полската тенисерка го започна Ролан Гарос облечена во „празен“ дрес, без никакви логоа. Никогаш не била во топ 100 на ВТА-листата, а од понеделник ќе биде во топ 30.

- Оглас -

Најнови вести