Русинката Дијана Шнајдер на неверојатен начин направи пресврт против првата носителка Арина Сабаленка и ќе игра прво полуфинале во кариерата на „Ролан Гарос“.
Сабаленка го доби првиот сет со 6-3, во вториот водеше со 5-3, и кога дојде на само еден гејм од победата, застана. Кај неа се случи некоја блокада, одеднаш почна да губи поени и гејмови, и на крај претрпе пораз. Шнајдер која е 25-та на ВТА листата, доби дури 10 гејмови по ред. Вториот сет го доби со 7-5, а последниот со 6-0. И тоа против најдобрата на светот.
Нешто слично како на Сабаленка му се случи и на Јаник Синер, но кај него барем беа видливи здравствени проблеми. Сабаленка чисто психолошки крахираше и загуби меч кој не смееше да си дозволи да го загуби на ваков начин.
Во полуфиналето, Шнајдер ќе игра против Полјачката Маја Хвалинска која е квалификант и пред турнирот не беше ни меѓу првите 100 на ВТА листата.

