На претстојното Светско првенство во фудбал ќе има речиси 300 играчи кои не се родени во државата која ќе ја претставуваат на Мундијалот.
Селекцијата на Курасао е рекордер дури со 25-мина играчи родени надвор. Само еден е роден баш во најмалата држава која учествувала на СП, а останатите 25-мина се родени во Холандија, држава чија колонија е Курасао.
Туниската селекција има 15-мина кои не се родени во Тунис, има по 16 неродени на Хаити и Алжир, 17-мина Босанци кои не се родени во Босна и Херцеговина, Мароко има 19-мина играчи кои се родени надвор, ДР Конго има 20-мина, а двоцифрени се и Зеленортските Острови со 14-мина, исто 14-мина има и Катар, 12-мина Сенегалци не се родени во Сенегал и десетмина Турци.
„Странци“ имаат и Брегот на Слоновата Коска и Ирак по деветмина, Австралија, Гана, Хрватска и Нов Зеланд по осуммина, по седуммина Шкоти и Канаѓани, во составот на САД има шестмина кои не се родени во САД, Мексико и Парагвај имаат по петмина такви, Франција, Еквадор, Швајцарија и Јордан имаат по тројца. Светскиот првак Аргентина има двајца играчи кои не се родени во татковината, исто како и Иран, Норвешка, Португалија и Уругвај, а Англија, Шпанија, Јужна Кореја, Германија, Узбекистан, Белгија, Холандија, Египет и Јапонија имаат само по еден играч кој е роден во странство.

