Чудо од дете во Дортмунд: Со 14 години дебитираше за јуниорите и даде шест гола

Јусуф Мукоко е играчот за кој допрва ќе треба да слуше фудбалскиот свет. Иако има само 14 години, тој веќе е милионер. Неодамна потпиша 10-годишен договор со „Најки“, од кој ќе заработи 10 милиони евра. 

Камерунецот кој има и германски пасош, од оваа сезона е префрлен во јуниорскиот тим на Борусија Дортмунд, откако во претходните две сезони за У17 тимот, во 54 меча даде 88 голови. Дебито за јуниорите беше перфектен. Мукоко даде неверојатни шест гола, во победата на Борусија против Вупертал од 9:2.

Со овој свој настап, Мукоко само потврди дека се работи за екстра квалитетен играч, кој можно е за брзо време да го гледаме и во сениорскиот тим на Милионерите. Навистина нестварни настапи за играч кој има само 14 години.
- Оглас -

Најнови вести