Чудо од играч му даде гол на Реал, но Кралевите се спасија од пораз (Видео)

Реал Мадрид одигра 1:1 против Реал Сосиедад во меч од 25-тото коло на шпанската Примера дивисион во Мадрид. Домаќините беа фаворити за победа, но на крајот може да бидат среќни што не загубија. Кралскиот клуб имаше привидна доминација на теренот, упатија многу шутеви, но поголем дел од нив беа безопасни, па затоа на полувреме беше 0:0.

Вториот дел започна неочекувано за Реал. Гостите поведоа со голот на Порту во 55-тата минута. Порту е играч кој има неверојатен и уникатен биланс сезонава каков што можеби нема ниту еден друг фудбалер во Европа. Играчот за врска сезонава има седум прецизни шута кон противничките голови и неверојатно, но сите завршиле во мрежата. Освен вечерва на Реал, Порту има шутнато и погодено во дуелите со Алавес, Атлетик Билбао, Уеска, Бетис, Хетафе и Елче.

https://youtu.be/HUnk9Kej-J0

Реал Мадрид не се предаде и продолжи да напаѓа. Упорноста на домаќините вроди со плод во 89-тата минута, кога Јуниор Винисиус во својот јубилеен 100-ти меч во белиот дрес погоди за 1:1. Тој гол може да го видите ТУКА.

Актуелниот шпански првак со овој бод стигна до 53 бода на третото место на табелата, колку што има и второпласираната Барселона. Лидерот Атлетико Мадрид досега освои 58 бодови, но има и еден меч за доигрување.

 

- Оглас -

Најнови вести