Чудо во Словенија: Мура на теренот на главниот ривал стигна до титулата

Во словенечката фудбалска лига се случи чудо откако екипата на Мура на крајот стана шампион. Во последното коло Мура гостуваше кај Марибор, тим кој беше лидер и требаше само да не загуби со два разлика за да се радува на трофејот и да не дозволи чудо на кое се надеваше Мура.

Дека фудбалерите на Мура се дојдени да победат покажаа и со погодокот во 33 минута и водството од 1:0. Марибор до полувремето израмни на 1:1, но во второто полувреме се случи чудото. Мура со два гола во само три минути растојание (75 и 78 минута) стигна до водство од 3:1, резултат кој остана до крајот и значеше дека гостите ќе се радуваат на шампионската титула.

На крајот Мура стигна до 63 бодови, колку што има и Марибор, но екипата на Мура има подобриот меѓусебен скор. Марибор сезонава имаше победа од 2:1, еден меч заврши 0:0, а во последното коло Мура победи со 3:1.

Мура е тим кој доаѓа од градчето Мурска Собота во кое има едвај 11.000 жители. За Мура ова е прва шампионска титула, а втор пехар во клупската историја, откако минатата сезона се радуваа и во Купот на Словенија.

- Оглас -

Најнови вести