Чудо во Верона, Аталанта постигна само еден гол и не победи (Видео)

Аталанта не успеа да го продолжи победничкиот поход во Серија А, одигра нерешено 1:1 против Верона и драстично си ги намали шансите за освојување на Скудетото.

Гостите од Бергамо имаа иницијатива и многу шанси, но реализираа само една, а потоа дозволија и да примат гол.

Дуван Запата постигна водечки гол за гостите во 50. минута и најави нов триумф на италијанскиот хит. Со овој гол Аталанта има вкупно 94 во Калчото, а успеа да постави клупски рекорд со 22 натпревари по ред на кои постигнува барем по еден погодок.

https://www.youtube.com/watch?v=Plxz_EcZpLA

Матео Песина израмни на 1:1 во 59. минута и ја остави Аталанта со тенки шанси за освојување на Скудетото.

https://twitter.com/LaligaPL009/status/1284527114197381120?s=20

Аталанта има 71 бод на делба на второто место на табелата со Интер, но има и меч повеќе. Јувентус е прв со 77 бода и исто како и Интер има меч за одигрување во 34. коло.

Верона остана на деветтото место со 45 бодови.

- Оглас -

Најнови вести