Чупиќ до Јакобсен: Треба да се биде голем и во победи, но и во порази

Иван Чупиќ и останатите вардарови играчи на теренот му оддржаа лекција по ракомет на Рајн Некар, а Хрватот мораше да продолжи во ист стил и на прес конференцијата. Чупиќ не можеше а да не му објасни на тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен за тоа дека не треба да се „плаче“ по неуспех.

„Јакобсен втор меч по ред зборува за Вардар и за судиите, а тоа не е потребно. Долго сум во ракометот и сум бил сведок на многу судиско неправди, но мислам дека треба да се остане голем како во победите, така и во поразите. Покажавме карактер, а покажавме и дека овој нов Вардар ќе се фрли и на глава ако треба за да се дојде до победата. Во мое име, но и во име на соиграчите ветувам дека ќе дадеме се од себе да биде така до крајот на сезоната“, рече Чупиќ по победата на Вардар против Рајн Некар.

- Оглас -

Најнови вести