Чурлинов е таличен – Шалке од негатива до победа по влегувањето на Македонецот

Шалке 04 оствари важна победа над Јан Регензбург од 2:1 во рамките на 21-то коло од втората германска Бундеслига.

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов беше таличен за својот тим, бидејќи влезе во 63-та минута при резултат од 0:1 за гостите, а стрелец на голот беше Андреас Нилсен (32′).

Само неколку мигови по влегувањето на Македонецот, Симон Тероде израмни на 1:1, додека целосниот пресврт го направи Малик Тија во 73-та минута.

Сепак, нашиот репрезентативец поради повреда мораше да го напушти теренот во 80-та минута. Останува да се види каква е сериозноста на истата и дали долго ќе отсуствува од терените.

Со оваа победа, Шалке дојде до бројката од 37 бодови и е на делба на третото место во Цвајте.

 

- Оглас -

Најнови вести