Чурлинов ќе си помисли дека е на турнеја како Битлси: Штутгарт ќе патува со четири автобуси

Бундеслигата и Цвајта ќе го украсат претстојниот викенд со рестартот на сезоната во двете првенства. Сега веќе слободно може да се каже дека фудбалот полека се враќа на место, а Германците први го кршат мразот oд попознатите лиги во Европа.

За да се продолжи сезоната, потребно беше да се создаде ефикасен протокол по кој екипите ќе мора да се водат за сè да остане во најдобар ред, а во тоа спаѓа и начинот на кој ќе се патува за предвидените гостувања.

Затоа второлигашот Штутгарт подготви четири автобуси со кои во недела ќе патува во Висбаден, во пресрет на гостувањето кај Вехен во рамки од 26-тото коло. Во два од автобусите ќе бидат сместени играчите, меѓу кои е и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, додека со останатите два ќе патува стручниот штаб и останатиот персонал на екипата.

Штутгарт пред прекинот на сезоната стоеше на второто место на табелата во Цвајта со 45 бода и е во битка за директен пласман во елитата.

- Оглас -

Најнови вести