Манчестер го елиминира Барнли – Чурлинов не погоди чист зицер на „Олд Трафорд“, на поправен ќе дојде во јуни со Македонија (Видео)

Дарко Чурлинов играше околу половина час на храмот на фудбалот „Олд Трафорд“ за Барнли против Манчестер јунајтед и не ја погоди најубавата шанса за гостите.

Црвените ѓаволи победија со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Карабао купот, а Чурлинов пропушти шанса да го направи мечот поинтересен.

Македонскиот репрезентативец доби одличен пас во простор и беше сам пред голманот Дубравка, упати удар по земја во спротивниот агол, но го промаши голот на домаќините.

Чурлинов ќе има поправен испит во јуни, со Македонија, кога ќе им гостуваме на Англичаните токму на „Олд Трафорд“ во квалификациски меч за настап на ЕП 2024 што ќе го организира Германија.

Вечерва подобар беше Манчестер јунајтед, а домаќините најавија победа со голот на Ериксен во 27-мата минута.

Печат на победата за четвртфинале во Карабао купот стави Маркус Рашфорд со втор погодок на мечот во 57-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести