Дарко Чурлинов одигра одличен меч за Шалке и даде гол во победата од 2:0 против Падерборн. Македонскиот репрезентативец погоди во 74 минута, кога зголеми на 2:0, а само четири минути подоцна Дарко беше повлечен од игра и тоа поради повреда.
Ова е втор погодок сезнава на Чурлинов во Цвајте, а Шалке со овој триумф стигна до 40 бодови од 23 мечеви и сега е на само еден бод зад лидерското дуо Сент Паули и Вердер Бремен кои имаат меч помалку.