Чурлинов: Во фудбалот има и вакви натпревари, грешевме и не казнија

Дарко Чурлинов вели дека македонските репрезентативци мора да се вратат на победничкиот колосек и што побрзо да го заборават поразот од 0:3 против Грузија, а следен и последден меч во јунската сесија од четири натпревари во кус рок од десеттина дена е против Гибралтар на 12. јуни.

„Се случуваат и вакви натпревари во фудбалот. Ние имавме две-три грешки, Грузија не казни и победи. Мораме да де кренеме и да не дозволиме поразот да остави поголема трага. Останува на нас да си ги анализираме грешките и да се корегираме. Не смееме да се затвориме во себе по неуспехот и верувам дека ќе успееме да се вратиме во нормален колосек“, изјави Чурлинов по поразот од Грузија.

Македонија ќе мора да ги добие следните три натпревари, дома со Гибралтар и Бугарија и на гости со Грузија и да чека кикс на Грузијците за да се надева на првото место во нашата група од Ц сегментот во Лигата на Нации.

По три кола лидер е Грузија со 9 бода, пред Македонија со 4, Бугарија со два и Гибралтар со еден бод, а само првопласираната селекција ќе има можност да ја продолжи трката за пробив во Б сегментот.

- Оглас -

Најнови вести