Да не се заборави, но никогаш да не се повтори: Бевме заклучени, гладни и уплашени (Видео)

Датумот 13 мај е со црни букви запишан во историјата на некогашната фудбалска Југославија. На овој ден пред точно 31 година, во Загреб требаше да се игра големото дерби меѓу Динамо и Црвена ѕвезда, но мечот не се одигра. Пред почеток на средбата, навивачите на двата тима започнаа со дивеење на трибините, потоа влегоа и на теренот и на крајот се случи хаос кој не се памти ни дотогаш, ни после тоа на просторите на екс Југославија.

Тепачката меѓу српските и хрватските навивачи беше како најава за крвавата војна која дивееше во следните неколку години. Многу фудбалери кои подоцна станаа големи ѕвезди, беа дел од тој крвав настан, а се памти потегот на капитенот на Динамо Загреб, Ѕвонимир Бобан кога со карате удар удри еден полицаец.

На другата страна, во дресот на Ѕвезда беше сегашниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ. Популарниот Пикси се сеќава дека ситуацијата била страшна.

„На целиот терен имаше луѓе. Како да беа 100.000 луѓе. Имаше многу малку полиција. Се сеќавам дека Бобан влезе во нашата соблекувална и рече „момци се ќе биде во ред“, а јас му возвратив „да да се ќе биде феноменално“. До полноќ останавме заклучени во соблекувалната. Бевме уплашени и гладни. Мечот требаше да се игра во четири-пет попладне, а ние останавме до полноќ заклучени. Дури кога со автобусот ја напуштивме Хрватска застанавме на бензиска пумпа и купивме сендвичи“, се сеќава Пикси на тој ден.

 

- Оглас -

Најнови вести