Даде гол и прослави пред тренерот на противничката екипа (Видео)

Сандерленд со 3:1 го победи Оксфорд, во меч од третата англиска лига (Лига 1), а мечот го одбележа потегот на домашниот играч Макс Пауер кој даде гол во судиското надополнување. Сандерленд водеше со 2:1, гостите со сите сили се обидуваа да израмнат, но Пауер искористи една ситуација и од контра напад погоди за потврда на победата на домаќините од 3:1.

По постигнувањето на голот, Пауер наместо да слави со соиграчите, тргна пред противничкито тренер и таму реши да се радува. Буквално пред очите на притивничкиот тренер Карл Робинсон, со високо кренати раце се радуваше на голот.

https://twitter.com/i/status/1378024019262369797

Според англиските медиуми, Пауер решил да слави пред противничкиот тренер откако на полувремето од мечот овие двајца имале жестока расправија во тунелот, пред соблекувалните.

Сандерленд со оваа победа стигна до третото место на табелата и е во зоната за пласман во еден ранг погоре, додека Оксфорд е на средината на табелата, но уште има шанси да се бори до позициите кои водат во плејофот.

 

- Оглас -

Најнови вести