Даде гол, но поради начинот на кој ги понижи противниците, заработи жолт картон (Видео)

Штутгарт победи на гостувањето кај Вердер со 2:1, а мечот го одбележа вториот погодок на гостите. Силас Вамангитука ги постигна двата погодоци за Штутгарт, но предизвика бурни реакции кога по вторпат ја затресе мрежата на Вердер.

Играчите во одбраната на Вердер и голманот лошо реагираа по една долго упатена топка, а Вамангитука успеа да ја освои и да излезе буквално сам пред голот. Сепак, кога требаше да даде гол, Вамангитука застана на гол-линијата и чекаше домашниот голман да му се приближи, а потоа силно шутна затресувајќи ја мрежата.

Ваквата реакција на Вамангитука наиде на негодување кај домашните фудбалери, а судијата му даде жолт картон на играчот на Штутгарт поради неспортскиот потег при постигнување на погодокот.

https://twitter.com/i/status/1335621165709193217

 

- Оглас -

Најнови вести