Даде гол, па прославата ја посвети на Израел – турските власти веднаш го уапсија

Израелскиот фудбалер Сагив Езекиел е приведен од страна на турските власти откако погодокот за реми на неговиот клуб Анталијаспор против Трабзонспор го прослави давајќи поддршка на воените дејствија кои ги врши неговата татковина Израел врз појасот Газа

Тој на завојот на раката имаше напишано датум 07.Х, што го симболизира седми октомври, денот кога започнаа воените дејствија, потоа имаше „100 дена“ и израелско знаме.

Ваквата прослава предизвика лавина реакции во Турција, која ја поддржува палестинската страна во конфиликтот, а веднаш следуваше и реакција на клубот Анталијаспор, од каде што соопштија дека фудбалерот е отпуштен, а веднаш потоа беше приведен од турската полиција.

„Денес е одлучено дека Сагив Езекиел, кој направи дејствија против националните вредности на нашата земја со напис на својот зглоб откако постигна погодок во 68-мата минута на натпреварот против Трабзонспор, да биде исклучен од екипата со одлука на управниот одбор. Нашиот клуб никогаш нема да дозволи однесување против вредностите на нашата земја, дури и ако тоа значи победа“, се вели во соопштението на турскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести