Даде гол со глава од речиси 60 метри (Видео)

На мечот меѓу Басфорд јунајтед и ФЦ јунајтед одигран во Манчестер, во англиската Северна Премиер лига (Седма лига по ранг во Англија) беше постигнат еден од најчудните погодоци за оваа година.

Се играше 62-рата минута кога еден од гостинските играчи реши да ја исфрли топката кон половината на игралиштето. Стефан Галински, кој игра за Басфорд, ја дочека топката и директно со глава ја упати далеку кон голот на противникот. Голманот на ФЦ јунајтед беше излезен надвор од шеснаесетникот, лошо го процени летот на топката, која заврши во празната мрежа.

Едноставно неверојатно, но Галински даде гол со глава од речиси 60 метри.

 

- Оглас -

Најнови вести