Даер дебитираше за Баерн со победа, тренерот Бјелица се степа со Сане (Видео)

Баерн Минхен не дозволи кикс против Унион Берлин и победи со 1-0, па Баварците се на четири бода негатива зад лидерот Баер Леверкузен по 18 кола, додека Унион е само три бода над зоната на испаѓање.

Голот за Баерн го даде Рафаел Гереиро на стартот на второто полувреме, деби во дресот на најтрофејниот германски клуб имаше Англичанецот Ерик Даер, но главниот момент на мечот беше физичката пресметка на тренерот Ненад Бјелица со Лерој Сане.

Во овој инцидент, Сане мина со жолт, додека Хрватот Бјелица, кој беше груб кон Сане, доби директен црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести