Даглас Коста го направи најчудниот трансфер ова лето

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Јувентус, кој своевремено вредеше и 55 милиони евра, следната сезона ќе биде дел од австралиската А-лига и ќе настапува за екипата на Сиднеј.

Поранешниот бразилски репрезентативец во моментов вреди само 800.000 евра, но и покрај тоа, во Сиднеј очекуваат тој да биде големо засилување за екипата.

Триесет и тригодишниот Бразилец во својата кариера освен за Баерн и Јувентус, настапуваше и за Гремио, Шахтар и Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести