Далас не знаеше дека треба да игра одбрана и го прими најлесниот кош во историјата на НБА (Видео)

Едно забивање на Голден стејт вориорс на мечот против Далас маверикс ја одбележа вечерта во НБА-лигата, но не затоа што тоа забивањето беше атрактивно, туку поради нешто друго.

По еден тајмаут, Воините изведоа аут и си постигнаа кош со забивање, додека целата противничка екипа беше на другата страна од теренот. Судиите го признаа кошот, а по средбата, која заврши со 127-125 за Голден стејт, од оштетениот Далас поднесоа официјална жалба.

Газдата на Маверикс, Марк Кјубан, рече дека неговите кошаркари мислеле дека тие треба да изведат аут и не знаеле дека судиите за време на тајмаутот ја смениле одлуката и топката му ја доделиле на Голден стејт. Никој од Далас не знаел дека топката е за Воините и затоа не играле одбрана. Според Кјубан, дури и едниот судија мислел дека топката е за Далас и бил на половината на која биле играчите на Далас.

Ова се случи во третата четвртина од натпреварот. Далас има рок од пет дена да достави доказ дека е оштетен, а потоа Комесарот за пет дена треба да донесе одлука дали ќе ги казни судиите и дали се преигра мечот. Без овие два поена, средбата би завршила нерешено.

- Оглас -

Најнови вести