Дали е можно Бразил првпат да не игра на СП, поради хаосот на „Маракана“ им се заканува одземање бодови

Светската фудбалска федерација (ФИФА) официјално отвори истрага за хаосот кој се случи на култната „Маракана“ во пресрет на квалификацискиот меч за СП 2026 година меѓу Бразил и Аргентина.

Поточно, ФИФА ќе ја истражува бруталната реакција на бразилската полиција врз аргентинските навивачи и во која беа повредени доста фанови.

Откако се смирија тензиите на трибините, натпреварот започна со 30-минутно задоцнување и победата ја однесе Аргентина благодарение на голот на Николас Отаменди во 63-тата минута. Ова воедно беше трет пораз за Бразил во квалификациите за СП 2026 и прв на домашен терен.

Бразилскиот весник „Глобо“ пишува дека по истрагата, ФИФА може да ја казни Фудбалската федерација на Бразил со парична казна, со играње натпревари пред празни трибини или со одземање бодови.

Токму последната опција најмногу ги плаши Бразилците бидејќи така можат да си го загрозат пласманот на СП 2026 кое треба да се одржи во САД, Канада и Мексико.

Бразил по шест кола се наоѓа на шестото место на табелата со шест освоени бода и доколку му бидат одземени бодови, може да падне на дното на табелата. Пласман на СП 2026 ќе обезбедат шесте првопласирани селекции, додека седмата ќе игра бараж-двомеч.

- Оглас -

Најнови вести