Дали е ова голот на годината во ракометната Лига на шампиони? (Видео)

Ракометарите на унгарскиот тим Пик Сегед загубија од германскиот Магдебург со 35:28 во првиот меч од четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони. Мала утеха, посебно за словенечкиот репрезентативец Борут Мачковшек е тоа што го постигна еден од најубавите погодоци сезонава во ЛШ.

Неговата лукавост и снаодливост да успее да постигне гол наиде на одобрување и од Европската ракометна федерација (ЕХФ). „Дали е ова најубавиот гол во годината?“, гласеше реакцијата од ЕХФ.

Искусниот 33-годишен ракометар кој е висок 203 сантиметри успеа два пати да се сврте околу својата оска, а потоа на атрактивен начин и да погоди.

Не треба да се заборави дека оваа сезона во ЛШ, најубавиот погодок го постигна Дејан Манасков во дресот на Еурофарм Пелистер против Барселона. Тој погодок на Манасков беше во октомври минатата година и беше прогласен за најдобар во 2025 година според ЕХФ.

- Оглас -

Најнови вести