Саудискиот тим Ал-Наср закажа лекарски прегледи за Кристијано Роналдо и се очекува трансферот да биде комплетиран на почетокот на зимскиот преоден рок, кој стартува на 1 јануари.
Освен прегледите, Ал-Наср резервирал и сместување за Роналдо и неговите соработници и во тимот се отпимисти дека Португалецот од 1 јануари идната година ќе биде член на саудискиот тим.
Роналдо неколку дена пред стартот на Светското првенство што се одржа во Катар (20 ноември – 18 декември), спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед откако во интервјуто со Пирс Морган ги нападна челниците, тренерот и соиграчите на Црвените ѓаволи.
Роналдо би требало да потпише договор со Ал-Наср според кој ќе заработува 62 милиони фунти годишно, но сумата би можело да се искачи на 173 милиони фунти годишно преку правата на продажба на фотографии со ликот на Португалецот и други авторски права.
Освен што ќе стане најголемата ѕвезда во саудискиот фудбал, Роналдо ќе може да именува и нов тренер на тимот доколку сака.
Актуелен тренер на Ал-Наср е Руди Гарсија, кој во минатото ги водеше Лил, Рома и Марсеј.