Дали Куман си потпиша отказ? Одби да каже дека Меси е подобар од Кристијано

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, во пресрет на утрешниот натпревар помеѓу Барселона и Јувентус од Лигата на шампионите, даде изјава која налути многу фанови на Барса. Навивачите на каталонците се навикнати да слушаат од нивните тренери дека Меси е најдобар на светот, но Куман рече дека не е фер да се каже дали е подобар Меси или Кристијано Роналдо, и кој од нив двајца повеќе придонел за светскиот фудбал.

Можеби Куман не сакаше да го провоцира Роналдо пред дуелот, но оваа изјава предизвика големо внимание во шпанските медиуми.

„Ќе биде фантастично да се видат двајцата големи шампиони, двајцата најдобри фудбалери во последните 15 години. Ќе биде погрешно ако кажам кој е подобар. Ги ценам двајцата за тоа што ни дадоа многу прекрасни фудбалски ноќи, освоија многу титули, дадоа многу голови, неверојатни се, се надевам дека и утре ќе бидат на тоа ниво“ – изјави Куман кој е прв тренер на Барса што се осмели да одбие да каже дека Меси е подобар од Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести