Реал Мадрид ги заврши настапите во сите натпреварувања и тоа без освоен трофеј, а сезонава им остана само да се борат за пехарот во шпанското првенство. И оваа мисија за Реал ќе биде мнгоу тешка затоа што заостанува седум бодови зад најголемиот ривал Барселона.
Реал Мадрид во април одигра четири меча и претрпе три порази, а само еднаш ремизираше. Последната победа на Реал е против градскиот ривал Атлетико на 22 март гола славеше со 3:2. Многу анализи се прават зошто Реал во клучниот дел од сезоната има ваков пад во формата и се овие лоши резултати.
Интересна е забелешката на некои дека „проблемот“ е во Килијан Мбапе. Фудбалерот кој неспорно е еден од најдобрите голгетери на денешницата, статистиката не му оди во прилог, барем кога се работи за резултатите на Реал Мадрид.
Пред два и пол месеци Мбапе се повреди и пропушти пет меча, а потоа на две средби одигра едвај во последните 20-тина минути. Во тој период кога Мбапе беше надвор од стартниот тим, Реал забележа шест победи во седум средби. Откако Мбапе се врати во стартниот тим и го одигра сите 90 минути, Реал има три порази и едно реми. Ако се погледне и последниот меч пред Мбапе да се повреди, кога Французинот одигра 90 минути, Реал загуби од Осасуна.
Тоа значи дека на последните пет меча на кои Мбапе беше стартер, Реал Мадрид претрпе четири порази и има само едно реми.
Следниот меч Реал ќе го игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 21 април против аутсајдерот Алавес, а Мбапе преку социјалните мрежи им вети на навивачите дека Реал Мадрид наскоро повторно ќе почне да победува.

