Дали овој играч намерно сакаше неговиот тим да прими гол? (Видео)

Бизарна ситуација се случи на еден меч од мароканското фудбалско првенство, а на крајот профитираше домашниот тим. Могхреб со 3:0 го победи Ренаисансе Земамра, а еден од погодоците беше постигнат по една многу чудна акција.

Од ситуација која не наликуваше на било каква опасност за гостите, се создаде гол шанса која беше искористена. Топката одеше кон еден гостински дефанзивец, а овој наместо да ја смири топката, се сопна и тоа сам од себе и падна на тревата. Тоа го искористија домашните играчи, кои успеаа да направат акција за погодок и на крајот дуелот заврши 3:0.

https://streamable.com/83t4ec

- Оглас -

Најнови вести