Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа нерешено 1:1 во меч на кој двата гола беа постигнати од пенал. Освен овие два погодоци, имаше уште една ситуација која беше клучна за конечниот резултат, а таа се случи во 80 минута во шеснаесетникот на Атлетико Мадрид.
Топката беше упатена кон напаѓачот на Арсенал, Еберечи Езе, а кон топката тргна и домашниот дефанзивец Дејвид Хенк. Холандскиот судија Дани Макели беше во близина и веднаш досуди уште еден пенал за Арсенал поради газењето врз ногата на Езе.
Сепак, арбитарот потоа доби реакција од ВАР собата, а Макели го гледаше видеото само од еден агол и на крајот пресуди дека немало пенал. Целата ситуација може да ја погледнете ТУКА.

