Дали на Украина и беше „украден“ настапот на Светско првенство? (Видео)

Сонот за настап на Светското првенство за Украина заврши во финалето од баражот, откако на гостувањето во Кардиф загуби минмално со 1:0 од Велс.

Јармоленко си постигна автогол по шутот на Герет Бејл, потег кој се покажа како клучен за Велс по пауза од 64 години повторно да игра на Мундијалот. Велс ќе биде во група со Англија, САД и Иран.

Непосредно по водството на Велс, се случи една спорна ситуација. Јармоленко беше во противничкиот шеснаесетник, успеа да стигне до една топка пред Џо Ален, а Велшанецот го шутна Јармоленко по нога.

Украинецот падна и бараше пенал, но шпанскиот судија Матеу Лахоз одлучи дека немало опција да биде досуден пенал.

https://twitter.com/i/status/1533490828009668612

- Оглас -

Најнови вести