Алисон со најочајните одбрани во Ливерпул, фаворитот треба да е среќен што не е елиминиран (Видео)

Ливерпул и Вулверхемптон одиграа нерешено 2:2 во меч од третото коло во ФА Купот, што значи дека ќе се игра нов дуел, но овојпат на теренот на Волците. Ливерпул беше голем фаворит за победа, но не се радуваа најмногу поради слабите интервенции на голманот Алисон.

Бразилскиот чувар на мрежата на Ливерпул прво му подари гол на Гуедес во 26 минута за водство на Вулверхемптон од 1:0.

Ливерпул израмни со одличниот гол на Нуњес по прекрасната асистенција на Трент-Александар.

Во второто полувреме Мохамед Салах го доведе Ливерпул во предност од 2:1, но тоа не беше доволно за домаќинот.

Вулверхемптон израмни на 2:2 во 67 минута кога Хуанг направи одличен продор и успеа да го совлада несмасниот Алисон. Гостите постигнаа и трет погодок, но тој беше поништен по интервенција од ВАР собата.

- Оглас -

Најнови вести