Дали Винисиус жуниор ќе биде жртва поради Мбапе, три клуба нудат и до 200 милиони евра?!

Винисиус жуниор би можело на крајот од сезоната да го напушти Реал Мадрид бидејќи треба да пристигне Килијан Мбапе, а дел од останатите гиганти се подготвени да платат и до 200 милиони евра за Бразилецот.

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, мора да се откаже од некој од актуелните напаѓачи, како Винисиус жуниор или Родриго, бидејќи мора да направи место за бразилската сензација Ендрик, како и за Килијан Мбапе, кој наскоро треба да потпише за Кралевите.

Според медиумите, поблиску до заминување е Винисиус жуниор, иако сезонава заедно со Џуд Белингам се најдобри играчи на Реал, поради проблемите со навивачите во Шпанија. Имено, на дел од стадионите во Шпанија, Винисиус жуниор постојано е цел на напади на расна основа и самиот фудбалер неодамна изјави дека не се чувствува најдобро во Ла Лига, но во исто време не сака да си замине бидејќи смета дека тоа би било победа на расизмот.

Доколку Перес се одлучи да го стави на трансфер-листата, уште сега три тима се подготвени да платат и до 200 милиони евра за Бразилецот, тоа се ПСЖ, Ливерпул и Челзи.

ПСЖ е во потрага по голема ѕвезда која ќе го замени Мбапе. Ливерпул пак налето најверојатно ќе го продаде Мохамед Салах, кој има неверојатна понуда од Саудиска Арабија, а на Челзи му е потребен врвен голгетер и нема да жали пари за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести