Дамите се главни во Барселона, вчера приредија чудо невидено во ЛШ (Фото+Видео)

Женскиот тим на Барселона гази сè пред себе и дамите се главни во едно од најдобрите спортски друштва на светот, а вчера приредија чудо невидено во Лигата на шампионите.

Го победија германскиот Хофенхајм со 4:0 и притоа не им дозволија на гостинките ниту еднаш да шутнат во рамките на голот, што за Барса го бранеше Сандра Панос.

Како шлаг на подвигот на домашниот тим е што успеаја да не им дозволат на гостинките да упатат ниту еден удар ниту надвор од рамките на нивниот гол, а тие имаа вкупно 31 удар на голот на Хофенхајм.

Барселона победи со 4:0 со головите на Хермосо, два на Путелјас и на Торехон и е убедливо на првото место во Ц групата со 9 бода од три кола, пред Арсенал со шест, Хофенхајм со три и Коге без ниту еден бод.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести