Со време од 1 час, 6 минути и 30 секунди, најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски, го освои првото место на полумаратонот кој денеска се одржа во хрватскиот град Дубровник.
Дарио ја разби конкуренцијата и со македонско знаме во рацете, триумфално мина низ целта, потврдувајќи дека е во топ форма, нешто што покажа неодамна на маратонот во Белград каде во многу силна конкуренција го освои второто место.


