Дани Алвес одлучи каде ќе игра, и го воодушеви Кака

Откако не доби соодветна понуда од некој европски клуб, бразилскиот десен бек Даниел Алвес, реши да потпише за Сао Пауло, и тоа тригодишен договор, до декември 2022.

Алвес кој има 36 години, речиси целата професионална кариера ја мина во Европа, играјќи за Севилја, Барселона, Јувентус и ПСЖ, но почна во Баија, па ова му е враќање во клуб од родната земја по пауза од 17 години. Тој е најтрофејниот фудбалер во историјата со 40 пехари, има убава низа на титули во првенствата и ова ќе му биде голем предизвик, бидејќи Сао Пауло не е најдобар тим во Бразил и ќе се мачи за да освои трофеј, но којзнае.

„Сон ми беше да играм за Сао Пауло и Барселона. За Барса играв, ми остана уште оваа желба да си ја исполнам“ – рече Алвес кој е на одмор, и деновиве треба да пристигне во најголемиот бразилски град.

Некогашен член на Сао Пауло е Рикардо Кака, па екс ѕвездата на Милан и Реал Мадрид, беше меѓу првите кои преку социјалните мрежи му честитаа на Дани за трансферот. Интересно е што во својот нов клуб, Алвес ќе носи дрес со бројот 10, а нема да биде во својата препознатлива 13-ка.

- Оглас -

Најнови вести