Дани Алвеш ја смени изјавата, сега признава дека ја познавал жената поради која е во притвор

Прво велеше дека не ја познава 23-годишната девојка која го обвини за силување во ноќен клуб во Барселона на 30-ти декември, а сега бразилскиот фудбалер Даниел Алвеш „ја смени лентата“ и признал дека ја знае, но дека имал консензуален секс со неа, а не дека направил нешто против нејзина волја.

Алвеш две ноќи мина во притвор, и не се дозволува негово пуштање со кауција, поради опасноста за бегство.

Дани дал три различни верзии на настанот, а обвинителството собира докази од камерите и изјави од сведоци. Тој прво велел дека не ја познава девојката која наводно ја нападнал во тоалетот, после рекол дека ја знае, но немал ништо со неа, а сега рекол дека имал секс со неа, но не против нејзина волја и дека таа му се додворувала.

Според обвинителството, Дани и еден негов пријател кои биле во ВИП делот, ги поканиле девојката и нејзините пријателки, а фудбалерот веднаш почнал да ги допира, потоа ја грабнал за рака и раката ѝ ја ставал на неговиот пенис, за на крај на сила да ја одвлечка во тоалет, ја заклучил вратата, и таму ја силувал. Прво сакал орален секс, таа одбивала, па ја удрил, ја турнал на земја, и на крај ја силувал. Девојката заминала во болница на преглед, а имало докази за сексуален акт и на здолништето кое го носела.

Ако биде прогласен за виновен, Дани реално може да добие затворска казна во времетраење од две до шест години, а максимумот е дури 12 години.

- Оглас -

Најнови вести