Дани Алвес утре излегува од притвор?

Утре истекува 30-дневниот притвор за бразилскиот фудбалер Даниел Алвес и судот треба да донесе одлука дали Дани ќе биде на слобода до судењето или ќе остане зад решетки.

Алвес е осомничен дека на 30 декември во тоалетот на ноќен клуб во Барселона силувал една 23-годишна девојка.

Поради опасноста од можно бегство во Бразил, со кого Шпанија нема договор за екстрадиција, шпанскиот суд му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Тие 30 дена завршуваат утре, па судот е на потег.

Адвокатите на Алвес нудат и пари како гаранција, приложување на неговиот пасош, како и можност да му биде ставена алка за постојано да биде следен каде се наоѓа и редовно да се јавува на суд. Обвинителството е на став дека обвинетиот треба и понатаму да остане во притвор.

- Оглас -

Најнови вести