Данска идеален противник за продолжување на победничката серија на кошаркарите

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот во салата „26 април“ во Гевгелија, игра против селекцијата на Данска во рамки на четвртото коло од претквалификациите за ЕП 2025.

Црвено-жолтите мечот со Данска го очекуваат во одлична атмосфера откако во четвртокот, исто така во Гевгелија, славеа над Норвешка со 58:36 и го задржаа максималниот ефект во претквалификациите. Македонија во досегашните три меча оствари три победи и се наоѓа на лидерската позиција во групата Д, додека Данска има три порази.

Кошаркарите велат дека нема да ги залажат поразите на Данска и вечерва влегуваат максималмо фокусирани на победата.

„Против Норвешка одигравме како што се договоривме, посебно во одбраната каде ги запревме нивните најдобри играчи. Мислам дека оваа победа е многу битна за нас бидејќи ќе ни помогне на психички план за дуелот со Данска. Тие играат агресивна кошарка, и ние ќе мора да им одговориме со агресивна игра во одбраната“, смета Стојан Ѓуровски.

Бојан Крстевски кој заедно со капитенот Војдан Стојановски, беа најпрецизни во триумфот над Норвешка со по 14 постигнати поени, вели дека не смее да се потцени Данска иако има три порази.

„ Во првиот натпревар со Данска на нивњн терен во Нествед, одигравме еден тврд и неизвесен натпревар. Станува збор за одлична екипа добро покриена на сите позиции. Јас лично очекувам да бидеме на нивото од мечот со Норвешка. Пред се, во одбраната, и повторно, пред полни трибини да дојдеме до посакуваната победа која ќе не остави на првата позиција“, вели Крстевски.

- Оглас -

Најнови вести