Данска неочекувано е тврд орев за Македонија, имаме негатива од пет поени по првиот дел

Данците неочекувано се покажаа како тврд орев за Македонија во првото полувреме во Гевгелија и водат со 37:32 на меч од четвртото коло во претквалификациите за настап на ЕП во 2025 година.

Ги победивме на гостински терен со 73:70 во финишот на август, но вечерва имаме многу проблеми на патот кон очекуваната втора победа против нив.

Данците неколкупати имаа двоцифрена предност, а Македонија со серија тројки стаса на минус три поени, 29:32 во самиот финиш на првото полувреме.

Ти-Џеј Шортс со 13 поени е најефикасен во нашата репрезентација, а Дарбо постигна 16 поени за Данците, кои досега во три кола немаат ниту една победа.

Македонија е лидер во Д групата со максимален учинок од 3 победи.

- Оглас -

Најнови вести