Дарио Ивановски станува непобедлив на 10 километри

Дарио Ивановски победи на трката на 10 километри, трчана низ улиците во центарот Софија, со време од 32 минути и 58 секунди, што беше за девет секунди подобро од второпласираниот Стојан Владков од Бугарија. Оваа трка беше во рамките на „Виз Ер“ маратонот во главниот град на Бугарија, а на 10 километри трчаа 737 мажи. За одбележување е и пласманот на Милош Ранчиќ на осмо место. Неодамна Дарио победи и во Скопје на трката на 10 километри.

Адријана Поп Арсова триумфираше на полумаратонот во Софија, во конкуренција на 289 натпреварувачки кои финишираа. Поп Арсова имаше време од 1 час, 23 минути и 11 секунди, што беше за 48 секунди подобро од втората Кристина Иванова од Бугарија.

На машкиот полумаратон, најдобар пласман имаше Игор Јакимовски, на 17-то место. Јакимовски трчаше заедно со Адријана, и затоа имаа речиси исто време.

- Оглас -

Најнови вести