Дарко Миличиќ повторно играше кошарка на официјален натпревар

Поранешниот НБА-играч Дарко Миличиќ синоќа во родниот Нови Сад го одигра својот прв кошаркарски натпревар по пауза од седум години. Во 2012 година тој ја напушти екипата на Бостон селтикс, се обиде и во боречките спортови, но повторно му се врати на спортот со портокаловата топка.

Клубот со име I came to play од Нови Сад, за којшто играше Миличиќ, го победи Футог со убедливи 78-50. Дарко го одигра речиси цело прво полувреме, а во третата четвртина поради болки во рамото ја напушти играта.

Тоа беше натпревар од втората регионална лига север Б во Србија. Во тимот на Миличиќ беше уште еден поранешен репрезентативец на СР Југославија, Јово Станојевиќ. Миличиќ доминираше со височината, па противниците кои немаа класични центри, мораа да го удвојуваат, па и утројуваат цело време, а тој додаваше до слободните соиграчи.

- Оглас -

Најнови вести